Kнауф подигнати подови GIFAfloor FHB
Сувомонтажни подигнати подови од GIFAfloor гипс-фазер плочи на челични ногарки.
Системите на подигнати подови сė почесто семкористат во современите деловни простории и објекти.
Подигнатите Кнауф системи од GIFAfloor FHB плочи се модуларно решение за под, кој не нуди можност за вадење на плочите и промена на системот. Максималната висина на системот изнесува 119см и во зависност од употребените плочи, исполнува карактеристики на носивост до класа на товар од 12,5. Од составот на системот зависи и звучната изолација и противпожарноста на истиот.
Подрачје на примена:
Деловни објекти, каде пренамената на просториите не смее да биде условена од инслатациите во просторот. Сали за состаноци, сервер-соби, гледалишта.
СИСТЕМИ
Kнауф GIFAfloor FHBplus Klima
Комбинација од GifaFloor носив под и гипс-фазер елементи со вграден систем за подно греење.
Kнауф подигнат под GIFAfloor FHB - еднослоен
Еднослојно поплочување и спојување на плочите по принцип “перо/жлеб”
Kнауф подигнат под GIFAfloor FHBplus - двослоен
Двослојно поплочување и спојување на плочите по принцип “перо/жлеб” со зголемена носивост на системот.







