Скопје Ист Гејт, Скопје

Скопје Ист Гејт (Skopje East Gate) е досега најголемата инвестиција на регионалната групација Балфин, на албанскиот бизнисмен Самир Мане. Замислен како мултинаменски комплекс со голема површина, овој нов кварт на Скопје ќе спои висококомфорно домување, деловни центри и модерен трговски центар со голем капацитет. Кон крајот на 2021-ва беше завршен трговскиот центар.

Трговскиот центар East Gate Mall е претставник на последната генерација трговски центри во светот, кои нудат поширока палета на услуги за своите клиенти, а во него се сместени најголемите светски брендови, сите со свои високи критериуми за квалитет на изведба на градежни системи во ентериерите.

Поради високите очекувања од квалитетот на материјалите и изведбата на системите, Балфин ја довери целата своја доверба на Кнауф Македонија. Имавме и чест и задоволство во објектот да ги вградиме нашите:

  • Сувомонтажни преградни ѕидови, облоги и спуштени тавани
  • Системи за малтерисување и завршна обработка
  • Фасадни системи (КСиНТИ)
  • Системи за поплочување, хидроизолација и фугирање

 

Во објектот беа вградени:

325.000m² гипсени плочи од различни типови
485.000m’ челични Кнауф профили од различни типови
4.500.000 шрафови од различни типови
350 ревизиски отвори
100 тони смеси за фугирање
750 тони гипсен малтер
240 тони фасадни лепаци и завршни слоеви
240 тони лепаци за керамика
75 тони глет маси

 

Секако, квалитетни материјали имаат потреба и од квалитетна работна рака, а за конечниот изглед на објектот е заслужна армија од повеќе од 150 врвнообучени монтери од Македонија, како и монтери од Полска, Романија и Шоанија, кои беа задолжени за изведба на просторите на големите франшизи.

Објектот ги отвори вратите за клиентите кон крајот на Октомври, 2021, а веднаш позади него, светлината на денот почнува да ја гледа и станбениот дел од комплексот Skopje East Gate.

 

Главен проект:

  • Градежен Институт Македонија

 

Кнауф системи и изведувачи:

Системи за сува градба:

Преградни ѕидови W112, W113, W116, D112, Aquapanel, Vidiwall, Diamant

  • Акустик Дизајн, Скопје
  • Гипсар, Скопје
  • Кармен, Скопје
  • Руди Компани Скопје

 

Системи за малтерисување, Knauf MP75L

  • АК Инвест

 

Фасадни системи, Кнауф ADDI со TSR технологија на ладни темни пигменти

  • Компанија Велковски

 

Системи за поплочување, Кнауф Flex, DIN, N, Flexfuge, H PRO 200

  • Кармен, Скопје

 

Локација