Градинка Волково, Скопје

Уникатното обликување на објектот на градинката во Волково и комплексната задача на оформувањето на фукционалниот ентериер, беше целосно и успешно завршена од проектантите. Компанијата за инженеринг, дизајн и консалтинг, Прима Инженеринг и одговорните проектанти Филип Конески и Даница Спасевска веќе ја добија заслужената награда за изведен објект за 2021-ва, а нашите материјали ја имаа честа и одговорноста оваа уникатна замисла да ја пренесат во реалност. Кнауф во овој објект ги вгради системите на преградни ѕидови, кои функционално различните простории ги поделија со исполнување на сите градежно-физички барања. Врвна звучна, термичка и противпожарна изолација, но и барањето за еколошки материјали. Таванските системи, со вградени Кнауф Cleaneo акустични плочи гарантираат траен мир и креативен спокој, за развој на нови генерации деца.

Сето ова е завршено со глет масите на Кнауф и изолациските материјали кои го заокружуваат здравјето, што никако не смее да се занемари кај објекти во кои престојуваат деца, но и енергетската ефикасност на објектот.

 

Проект: Градинка во Волково, Скопје.

Проектант: Прима Инженеринг – Филип Конески, Даница Спасевска

Изведувач на градежните работи: Вардар Градба

Година на изведба: 2021

 

Кнауф материјали и системи:

  • Преградни ѕидови: W112, W112i
  • Спуштени тавани: D112, Cleaneo

 

Локација