Стогово 14, Скопје
Зградата се наоѓа во Скопје, во населба со голема густина, кадешто најголем дел од постојната структура и новоградбите се со мала висина. Постојните градби и проектите што се реализираат во околината се двоспратни единечни семејни куќи со дворови. Стогово 14 е станбена зграда со дванаесет станбени единици, тераса на покривот и подземен паркинг, и иако е во рамките на зонирањето на соседството, отскокнува со својот јасно уникатен дизајн.
Стогово 14 е сместена на тесна парцела со главна ориентација е север-југ со отворен поглед, а другите страни се до соседните објекти. Клиентот бараше објект дизајниран така за да ја подигне свеста на жителите за важноста на архитектурата и дизајнот. Главната стратегија зад проектот е да се фокусираат и посочат најважните простории од внатрешноста со отворен поглед. Сите прозорци лоцирани на јужната страна имаат надворешни засенчувачи за заштита од сонце, а во долниот дел фокусот е на зеленило. Дизајнот на проектот е единствен по неговите живи и чисти геометриски форми и елементи кај кои има јасен контраст хоризонтално и вертикално.
Конструкцијата е од армиран бетон, а фасадата е изведена со EPS топлинска изолација. На покривот е поставен пластично обложен алуминиум, терасата на покривот е покриена со гранитни плочки, а оградата е изработена од челични профили и е боена со електростатски процес.
Стогово 14 има номинација за најпрестижната европска награда за архитектура EUMiesAward и е еден од добитниците на наградата BigSEE Architecture Award 2019 на балканско ниво.
Во зградата се вградени следниве Кануф системи и материјали:
- W112
- W624
- Knauf MP75L гипсен малтер
- Knauf ADDI фасаден систем
Студио: Аттика архитекти
Архитекти:
- Бојан Тасев
- Никола Томевски
Клиент: Hrising FS
Фотографии: Владимир Мирчевски