Орифлеим Македонија, Скопје
Како да се изведе деловен простор за Орифлеим, компанија целосно посветена на убавината и здравјето? Седиштето на оваа позната шведска фирма во соработка со сопственикот на објектот, Дом Дизајн од Скопје, дојдоа до заедничко решение на обострано задоволство. Кнауф понуди решение кое е вистинско олицетворение на вредностите на Орифлеим - убавината и здравјето се практично синоним за Кнауф Клинео (Cleaneo) плочите. Со неповторливиот естетски впечаток што го оставаат, со извонредната акустика во просторот каде се вградуваат и со ефектот на прочистување на воздухот, тие се наметнаа како совршено решение во овој случај. Сѐ на сѐ, вистински погодок во секој поглед. Резултатот е прекрасен ентериер кој зрачи со ведрина и префинетост, пријатна атмосфера за вработените и посетителите.
Идеен проект: диа. Анита Смилески и Think - Скопје
Сопственик на фотографиите: Орифлеим Македонија.
Фотографирал: А.Тилиќ