Нова К линија лепаци за керамика

Од 15.03.2022 нашите лепаци за керамика се ребрендираат и ќе бидат опфатени со новата К линија производи.

  • Произведени по европски стандарди
  • Оптимизирана потрошувачка
  • Збогатени со влакна
  • Одлична адхезија
  • За сите видови и типови плочки
  • Не прашат за време на мешање на материјалот
  • "Dust free" пакување

 

 

К1 ЛЕПАК ЗА ПЛОЧКИ – ВНАТРЕШЕН

Фабрички подготвен лепак за поставување на подни и ѕидни керамички плочки, за внатрешна употреба.

К2 ЛЕПАК ЗА ПЛОЧКИ – ВНАТРЕШЕН И НАДВОРЕШЕН

Фабрички подготвен лепак за поставување на подни и ѕидни керамички плочки, за внатрешна и за надворешна употреба.

К3 ФЛЕКСИБИЛЕН ЛЕПАК ЗА ПЛОЧКИ

Фабрички подготвен флексибилен лепак за поставување на гранитни, грес и впивачки подни и ѕидни керамички плочки. За надворешна и внатрешна употреба.

К4 БЕЛ ЛЕПАК ЗА МЕРМЕР И ПРИРОДЕН КАМЕН

Фабрички подготвен бел флексибилен лепак за поставување плочи од мермер, природен камен и стаклен мозаик, на ѕидови и подови. За надворешна и внатрешна употреба.

К5 ЛЕПАК ЗА ПЛОЧКИ СО ЗГОЛЕМЕНА ФЛЕКСИБИЛНОСТ

Фабрички подготвен лепак со зголемена флексибилност, наменет за ситуации со повисоки барања, за вонстандардни формати на плочки, подно греење, лепење на плочки врз плочки и примена во базени.

К6 БРЗОВРЗУВАЧКИ ЛЕПАК ЗА ПЛОЧКИ

Фабрички подготвен, цементен, брзоврзувачки лепак за поставување на керамички плочки. Наменет за поставување ѕидни и подни плочки до 60 x 60 cm. За надворешна и внатрешна употреба.

К7 БРЗОВРЗУВАЧКИ ЛЕПАК ЗА ПЛОЧКИ СО ГОЛЕМИ ДИМЕНЗИИ

Фабрички подготвен, цементен, брзоврзувачки лепак за поставување на керамички плочки. Наменет за поставување подни плочки со големи димензии.

За примена на кошулици и израмнувачки слоеви, како и за поставување на плочки по принцип „плочка врз плочка“.