Кнауф, трета деценија во Македонија
Македонија е една 80-те земји во светот каде Кнауф е застапен и со производство и со продажба на градежни материјали.
Кнауф Македонија е предводен од регионалниот менаџер на Кнауф, г-дин Тодор Деловски, кој е одговорен за Кнауф во југоисточниот дел на Европа.
Секој од тимот е специјалист за делот што го води, за системите, за материјалите и за можностите на истите. Долгогодишното искуство во комерцијалниот и технички дел на Кнауф системите ги прави совршен партнер за консултација и планирање на објектите. Одговорноста на Кнауф ја покрива целата територија на Македонија и сите Ви стојат на располагање за какви било прашања од нивната специјалност.
Услуги за купувачите (Customer Service):
Во 1997-ма година, завршуваат долгогодинешните преговори со фабриката Радика – Дебар и Кнауф, на местото на старата фабрика ја отвора најсовремената фабрика за производство на гипсени плочи, задржувајќи ги сите вработени и осовременувајќи ги нивните знаења и умеења.
Производната палета полека се проширува со повеќе нови производи, челични профили, прашкасти материјали, малтери, глет маси, маси за исполна, подни кошулки, подни материјали за порамнување, итн. Фабриката ја користи најквалитетната гипсена руда од наоѓалиштата во околината на Дебар и е една од најнаградуваните на светско ниво во Кнауф групацијата.