30 години Knauf
30 години Knauf
Кнауф во нашата земја веќе три децении претставува синоним за квалитет и иновација во градежната индустрија.
Кнауф ја започна својата инвестициска дејност со својата продажна канцеларија во Скопје во 1994 година. Со купувањето на фабриката во 1997 година во Дебар Кнауф продолжи со своите инвестиции. Оттогаш Кнауф во Република Северна Македонија разви водечка компанија во областа на гипс картон, гипсени малтери и производство на изолациски материјали. Од своето основање до денес, нашата компанија постојано се стреми кон воведување на нови, иновативни и одржливи решенија, кои ги задоволуваат потребите на нашите клиенти и придонесуваат за одржлив развој на градежниот сектор.
Една од од клучните вредности на компанијата Кнауф: MENSCHLICHKEIT. За нашата компанија центарот на вниманието е човекот. Тоа е и еден од основните постулати на кои се базира филозофијата на работењето во Кнауф. Се грижиме пред се за нашите вработени, за нашите соработници, за нашите партнери и за нашите клиенти. Горди сме што на нашите вработени Кнауф не им е само компанија каде работат – туку начин на живот. Во меѓувреме ангажиравме 170 вработени на модерни работни места. Во последните години значително инвестиравме во нови капацитети и машини, но не само во средства. Вложуваме и во нашите вработени. Вработените во Кнауф постојано се обучуваат и преквалификуваат. Инвестициите во машини, производствени процеси и вработени постојано ја подобруваат нашата конкурентност.
Во текот на овие 30 години, Кнауф во Република Северна Македонија се издвои како лидер во индустријата, нудејќи производи и услуги кои се на врвот на технолошкиот напредок. Нашите производи не само што ги задоволуваат највисоките стандарди за квалитет и безбедност, туку и придонесуваат за енергетска ефикасност и еколошка одржливост. Со тоа, ние ги поддржуваме напорите за заштита на животната средина и намалување на негативните влијанија од градежната активност.
Горди сме на нашето наследство и продолжуваме да ја градиме иднината на градежната индустрија. Нашите постигнувања се резултат на тимска работа, посветеност и континуирано инвестирање во развој на нашите вработени и технологии. Благодарение на нашите експерти и нивната визија, успеваме да останеме пред конкуренцијата и да ги надминеме очекувањата на нашите клиенти. Постојано сме во чекор со времето и предизвиците во индустријата. Брзиот развој на технологијата со процесот на дигитализација налага молскавично брзо прилагодување кон новите трендови на комуникација и продажба. Со секој нов проект, Кнауф покажува дека квалитетот, иновацијата и одржливоста се основни принципи кои ја водат нашата работа. Во наредните децении, ние ќе продолжиме да растеме и да се развиваме, поставувајќи нови стандарди и постигнувања во градежниот сектор.
Во име на семејството Кнауф, им се заблагодаруваме на сите наши клиенти, добавувачи, а особено на нашите деловни партнери за нивната лојалност кон нашата компанија. Ви благодариме на сите за придонесот за зедничкиот успех!
#KnaufMacedonia #Knauf #buildonus