Политика за квалитет

Гаранција за квалитетот на производите на Кнауф Македонија е имплементираниот систем за управување, во согласност со меѓународните стандарди ISO 9001, ISO 14001 и ISO 45001. Квалитетот и биолошката беспрекорност на нашите производи, како и заштитата на животната средина, се наши врвни приоритети.

Политика за квалитет, безбедност и здравје при работа и животна средина на Кнауф Радика АД Дебар

Нашата политика ја следи стратегијата Кнауф 100 на Кнауф Групацијата, која водена од целта „MAKE TOMORROW A HOME FOR ALL OF US“ не дефинира кои сме, зошто постоиме, што сакаме да постигнеме, не обединува како глобално семејство, ја обликува културата на нашата компанија и не насочува кон нашите стратешки одлуки, базирани на четирите амбиции:

People, Customers, Future Generations, Best performance.

Реализацијата на амбициите се заснива на нашите основни вредности: Човечност, Партнерство, Посветеност, Претприемништво.

Највисокото раководство на нашата компанија ја утврдува Политика на Интегриран менаџмент систем со системите за управување со квалитет ISO 9001:2015, безбедност и здравје при работа ISO 45001:2018 и животна средина ISO 14001:2015. Одговорноста за спроведувањето, извршувањето и подобрување на политиката е на раководството, раководителите на сектори одговорните лица и секој поединечен вработен. Кнауф ќе осигура, квалитетот, безбедност при работа и заштита на човековата средина да се сметаат за приоритети и ќе ги информира сите вработени за Политиката. Во сите производни и продажни подрачја се поставуваат реални и следливи цели, се дефинираат клучните индикатори за имплементација на ИМС, се проценуваат ризиците и можностите и се превземаат соодветни мерки. Сите дејности и процеси се одвиваат во согласност со стандардите и законската регулатива.

Кнауф ќе стави на располагање соодветни средства и ресурси за да може да ги спроведе сите утврдени стандарди поврзани со квалитетот, безбедноста и животната средина и ќе превземе посебни напори со иновативни решенија подобро, побрзо и поефикасно да ги исполни барањата.

Менаџмент на квалитет ИСО 9001:2015

Со континуирано подобрување на производниот процес и имплементација на иновативни решенија обезбедуваме највисок квалитет на нашите производи. Ние сме лидери на пазарот, тоа не обврзува на одговорност кон нашите заинтересирани страни: купувачи, сопственици, менаџмент, вработени, добавувачи, локалната заедница и државата. Довербата на пазарот, ја оправдуваме преку највисокиот квалитет на производите и услугите кои ги нудиме. Нашиот квалитет е резултат на способностите, знаењето и креативноста на нашите вработени. Луѓето се најважниот ресурс на нашата компанија, континуираниот развој на нивните компетенции и квалификации ни гарантира деловен успех, висок квалитет на производите, услугите и процесите.

Менаџмент на безбедност и здравје при работа ИСО 45001:2018

Главна цел: 0 повреди на работа. Безбедносно размислување и дејствување самоконтрола и сопствена иницијатива. Компанијата се обврзува да се грижи за здравјето и безбедноста на вработените, посетителите и заедницата. Применуваме безбедносни стандарди, создаваме безбедна работна средина со безбедни работни постројки, работни средства и апарати, и работиме со модерни работни методи и системи. Дефинираме одговорности за осигурување на безбедноста, обезбедуваме ресурси, обука, управуваме со перформансите за да го минимизираме ризикот. Обезбедуваме учество на преставниците на вработените во планирањето и спроведувањето на активностите за безбедност и здравје при работа. Промовираме позитивна безбедносна култура за сите наши активности. Безбедноста е вредност што ја градиме и живееме секој ден.

Менаџмент за заштита на животната средина ИСО 14001:2015

Главна цел е заштита и зачувување на квалитетот на животната средина, во рамките на законските надлежности, а со тоа и заштита на здравјето и подобрување на квалитетот на животот на луѓето. Одржливиот развој е приоритет, настојуваме да ги намалиме емисиите на CO2 со природните ресурсите се однесуваме одржливо и одговорно. Постојано го подобруваме ефикасното искористување на енергијата. Минимизирање на сите ризици по животната средина. За Кнауф, одржливоста и заштитата на животната средина се приоритет и сепоставени и во корпоративните вредности. Се превземаат конкретни активности за воздухот, водата и отпадните води, почвата, бучавата, отпадот и сите елементи кои претставуваат неделива целина од животната средина. Да се биде обврзан на овие вредности, значи да се превземе одговорност, како за ефикасно управување со материјали, енергија и отпад, така и за високи производни стандарди и иницијативи за рециклирање.

Ние сме посветени на остварување на нашата Политика. Со примената на технологии, постапки, постројки и материјали, кои се базираат на актуелните стандарди за квалитет, безбедност, животна средина, сакаме да ги достигнеме овие стандарди и да ги оствариме нашите вредности.

Кнауф Радика АД Дебар

Генерален Директор
Тодор Деловски