Политика на:
Кнауф-Радика Дебар Р.С. Македонија, Кнауф Скопје Р.С. Македонија,
Кнауф Тирана Р. Албанија Кнауф Подгорица Р. Црна Гора и Кнауф Приштина Р. Косово
Политиката на Кнауф-Радика Дебар, Кнауф Скопје, Кнауф Тирана, Кнауф Подгорица и Кнауф Приштина ја следи визијата и мисијата на KNAUF Group, фокусирајќи се на клиентите, квалитетот, животната средина и безбедноста и здравјето при работа, врз основа на четирите основни вредности на компанијата – човештвото, партнерството, посветеноста и претприемништвото.
Највисокото раководство на Кнауф-Радика Дебар, Кнауф Скопје, Кнауф Тирана, Кнауф Подгорица и Кнауф Приштина ја дефинира својата политика за квалитет, животна средина, безбедност и здравје при работа во согласност со целите и контекстот на организацијата, потребите ‘ и очекувањата на засегнатите страни (Клиенти, Сооственици, Персонал добавувачи и партнери, Општество), применливите стандарди и работи за континуирано подобрување на квалитетот на обезбедените производи и услуги, заштита на животната средина, обезбедување на безбедни и здрвствени услови за работа и учеството на работниците и на претставите на работниците во планирањето, имплементацијата, оценувањето на ефикасноста и активностите за подобрување на системот за управување со БЗР.
Кнауф цврсто верува дека само една компанија, заснована на вредности, е гаранција за одржлив развој и изнаоѓање решенија на предизвиците на иднината. Тоа се принципите на кои се заснова компанијата и според кои вработените продолжуваат да дејствуваат и денес:
Menschlichkeit (човечност)
Ние гледаме на себе си, нашите клиенти и на сите други кои се вклучени во нашите активности, како дел од едно големо семејство. Ние се залагаме за правичност, интегритет и почит кога комуницираме едни со други.
Партнерство
Ние веруваме еден на друг и можеме да се потпреме еден на друг. Како тим се поддржуваме кога е можно. Ние сме доверливи и лојални.
Посветеност
Ние сме целосно посветени на обезбедување на решенија и производи со врвен квалитет.
Претприемништво
Ние дејствуваме прагматична, ориентирано кон резултатите и ги користиме нашите можности. Со пионерски дух, иновации и подготвеност да ги прифатиме промените, ние создаваме континуиран раст.
За нас почитувањето на законите и правилата се подразбира само по себе. За да ја нагласиме важноста на овој принцип, создадовме Етички кодекс на Кнауф:
- Етичко и законско управување – нашето однесување е законско и чесно;
- Лојална конкуренција – никакви нарушувања на антимонополски закони;
- Без корупција и мито (поткуп) – ние освојуваме нови клиенти и чесно преговараме, благодарение на квалитетот и цените на нашите иновативни производи:
- Фер и безбедни услови за работа – ние не толерираме ниедна форма на дискриминација , ја одржуваме безбедноста и здравјето на нашите вработени;
- Ние сме посветени на заштита на животната средина.
За ефикасно спроведување на Политиката, менаџментот е посветен на објавување, спроведување и одржување на активна , целна ориентирана и документирана политика за управување со квалитетот, заштита на животната средина и обезбедување на безбедни и здрави работни услови
Како директор на Кнауф-Радика Дебар, Кнауф Скопје, Кнауф Тирана, Кнауф Подгорица и Кнауф Приштина
ДЕКЛАРИРАМ:
Лично учество и посветеност за исполнување на објавената политика на компанијата за квалитет, животна средина и безбедност и здравје при работа, гарантирање на правата и очекувањата на засегнатите страни за постојано подобрување на ефикасноста и ефективноста на ИМС, на квалитетот на производите и услугите, на животната животната средина и безбедноста и здравјето при работа и учеството на работниците и нивните претставници во управувањето со БЗР.
Генерален директор
Тодор Деловски
Дебар, 17.05.2019



